Руската армија ја презеде контролата врз населбите Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во областа Харков, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Армиските единици од групата „Север“ ги ослободија населените места Борисовка, Огурцово, Плетенјовка, Пиља и Стрелечја во регионот Харков како резултат на акциите“, соопшти Министерството, пренесува РИА Новости.
„Загубите на непријателот во еден ден изнесуваат 170 војници, три оклопни борбени возила и четири други возила“, нагласуваат од руското Министерство за одбрана.
Исто така, армијата уништила неколку парчиња украинско тешко оружје, посочува Москва.