Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром

Од:

Во Скопје денеска ќе се одржи централното одбележување на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Централната прослава ќе биде во паркот кај авиончето во општина Аеродром каде се најавени обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и претставници на дипломатскиот кор во земјата, а во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција во периодот од 8 до 18 часот ќе биде воведен пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. Затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Би можело да ве интересира

Поради фудбалскиот натпревар Македонија-Летонија, посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради снимање на филм

Поради снимање филм, утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Катерина Ѓуровски

Поради посетата на српскиот премиер, посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај