Украинскиот претседател Володимир Зеленски итно свикал состанок со високи функционери на Генералштабот и армијата поради ситуацијата на фронтот, објави британскиот експерт Александар Меркурис на својот блог на YouTube.
Зеленски го повика целиот Генералштаб и и нареди на армијата да ги задржи своите позиции по секоја цена, не смее да има натамошно повлекување“, рече Меркурис.
Ситуацијата за украинската армија на фронтот е исклучително тешка, додека руските сили добро напредуваат, изјави британскиот аналитичар, додавајќи дека Западот бара од раководството во Киев да го запре колапсот на фронтот.
крупнейший укрепрайон ВСУ в Красногоровке ДНР 🇷🇺…всё #eu #usa #Russian #USSR#UkraineWar #UkrainianArmy #RussianArmy #UkraineRussianWar #NATORUSSIAWAR #RussiaUkraineWar #Russia #breakingnewsnowadays #BreakingNews pic.twitter.com/aseZ4t4Evc
— Gabkin🪖🇷🇺🪖 (@Gabkin3) May 4, 2024
Во текот на летото и есента руската армија ја спречи планираната украинска контраофанзива, а потоа им зададе неколку силни удари на Украинците, ослободувајќи ги Маринка, Авдеевка, Первомајско, Богдановка, Новомихајловка, Новобахмутовка и голем број други населени места во Донбас, руските сили ја прошируваат контролната зона во Бердичи и Георгиевка, а ја освоија и Красногоровка. Укрианските сили постојано секој ден се повлекуваат од првата линија.
Пратеникот во украинскиот парламент Алексеј Гончаренко не ја исклучи можноста Киев да побара во земјата да бидат испратени војници од европските земји.
„Ако ситуацијата на фронтот покаже дека не можеме сами да го запреме Владимир Путин без европска воена поддршка и сили, тогаш да, мислам дека е можно да го побараме тоа“, изјави Гончаренко за францускиот ТВ канал LCI, додавајќи дека изјавите на францускиот лидер Емануел Макрон на таа тема е добар знак.
Русија веќе коментираше дека доколку дојдат странски војници посебно од Франција-ќе гсе насочи да ги уништи сите.