Невообичаена сцена е снимена на фронтот во Украина кога руски војник употребил вреќа со компири за да се одбрани од украински беспилотно летало „камиказа“. На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, може да се види како руски војник фрла вреќа, за која се вели дека е вреќа со компири, кон украински беспилотно летало „камиказа“ FPV.
🚨🇷🇺
A Russian Soldier used a sack of potatoes to destroy a Ukrainian Suicide Drone 🤣
This basically sums up how Ukraine is doing
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 27, 2024
Откако дронот удрил во вреќата, дојде до експлозија, а војникот успеа да си ја „спаси главата“.
Беспилотните летала FPV се беспилотни летала опремени со функцијата „Преглед на прво лице“ (кратко FPV). Операторот го контролира дронот со помош на далечински управувач и ја гледа областа околу дронот во реално време со помош на специјални очила.