Почина Велибор Џаровски-Џаро

Од:

На 75-годишна возраст, по кусо боледување, денеска почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи.

Џаровски остави силен впечаток и во југословенскиот фудбал, каде што, како што самиот призна, наместил повеќе од 80 натпревари во сите рангови на натпреварување, оставајќи зад себе легендарни приказни за тоа.

„Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро знаат само по превари и местење утакмици. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Ги донел најголемите балкански ѕвезди да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече актерот Игор Џамбазов на ланската промоција на книгата „Џаро – живот на коцка“.

Џаровски своевремено призна дека наместил повеќе од 80 фудбалски натпревари во сите рангови на натпреварување.

Би можело да ве интересира

Велибор Џаровски – Џаро: Целиот регион мести фудбалски натпревари

Емир Латифовиќ