Жителите на Лондон утрово забележале два коња без сопственик во центарот на градот, од кои едниот изгледал облеан во крв. Носеа седла и узди.
– Околу 8 часот и 40 минути добивме пријава за коњи без сопственици кои трчаат низ градот. Полицајците ги запреа на автопатот кај Лајмхаус, соопшти полицијата.
Horses running loose in central London. At least 1 person injured #London #HorseRacing pic.twitter.com/BX2EI7t1gF
— Shehla J (@Shehl) April 24, 2024
Sky News објави дека коњите припаѓаат на оддел на британската армија. На социјалните мрежи се појавија видеа од настанот на кои се гледа како црн и бел коњ трчаат по улицата. Набргу зборуваше портпаролот на армијата.
„Одреден број воени коњи се олабавиле за време на рутинска вежба. Сите коњи сега се вратени во кампот. За време на инцидентот се повредени одреден број вработени, како и коњите. На сите им била укажана лекарска помош ,” тој рече.