Мајка крвнички си го убила својот шестгодишен син во семејната куќа во Канзас Сити

Од:

Таша Хефс, која е обвинета за убиство на својот шестгодишен син во семејната куќа во Канзас Сити, е способна да го следи судењето, одлучи судот.

Хефс, која има 37 години, беше уапсена на 15 февруари 2022 година и обвинета за обезглавување на нејзиниот син Карвел Стивенс во када. Сепак, случајот досега беше суспендиран бидејќи Хефс беше на неколкумесечно лекување за да може да и се суди.

Судијата, исто така, одлучи Хефс да остане во душевна болница додека не се појави на рочиштето закажано за 29 април.

Полицијата која на денот на убиството пристигнала во куќата на обвинетиот забележала крв на скалите и на влезната врата. Хефс одбила да ја отвори вратата и да ги пушти внатре. Таа цело време пеела.

Полицајците потоа погледнале низ прозорецот и го виделе телото на детето, по што упаднале во куќата и без инциденти ја привеле Хефс.

Телото на детето било пронајдено во близина на влезната врата од куќата. На Хефс имало траги од крв, додека полицијата забележала и два крвави ножеви. Инспекторите подоцна пронашле крвав шрафцигер на трпезариската маса и уште еден крвав нож во подрумот.

Медиумите објавија дека во подрумот било пронајдено и обезглавено куче.

На сослушувањето Хефс признала дека го убила синот во када.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Седиштето на Републиканската национална конвенција во Вашингтон е под полициска опсада

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Повеќе луѓе се застрелани за време на прославата на Бајрам во Западна Филаделфија

Горан Наумовски

Полицијата во САД лани убила 1.176 граѓани

Уапсени 26 мафијаши во Италија и во САД

Емир Латифовиќ