Руските војници ја презедоа контролата врз селото Богдановка на територијата на самопрогласената Народна Република Доњецк, се наведува во денешниот извештај на руското Министерство за одбрана.
„Единиците на Јужната група целосно го ослободија селото Богдановка во Доњецката Народна Република“, соопшти Министерството, пренесува РИА Новости.
Покрај тоа, руските трупи ја подобрија ситуацијата долж линијата на фронтот и го поразија персоналот и опремата на 53-та механизирана бригада на вооружените сили на Украина во областа на селото Красногоровка.