Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Од:

Западот е на чекор од испраќање војници во Украина, а денеска мнозинството се за војна во Брисел, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Во Европа расположението е воинствено, а во политиката доминира логиката на војната. Гледам подготовки за војна од сите и од сите страни. Генералниот секретар на НАТО сака да формира украинска мисија на НАТО. Европските лидери веќе влегоа во војната, разговарам со нив, ги слушам, тие ја гледаат оваа војна како нивна и така ја водат“, истакна Орбан.

Унгарскиот лидер укажа на постепеното зголемување на помошта на Европа за Украина, почнувајќи од испраќање воена опрема и воведување санкции против Русија до испраќање оружје и пари, објави телевизијата Хир.

„Пари, пари, оружје, но ситуацијата не се подобрува, всушност се влошува. На чекор сме од Западот да испрати војници во Украина. Ова е вител на војна што може да ја одвлече Европа во длабочините. „Брисел си игра со оган“, предупреди Орбан и нагласи дека Будимпешта нема да биде вовлечена во руско-украинскиот конфликт.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека стратегијата на европските лидери е штетна за Европјаните и посочи дека и покрај тоа што лидерите на ЕУ „се чувствуваат како да се во војна“, Европа не е, бидејќи „никој не ја нападнал“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски