Руски воен авион, бомбардер Ту-22М3, се урна во областа Красногвардејск, во јужниот руски регион Ставропол, а пилотите се катапултираа, соопшти руското Министерство за одбрана.
🇷🇺🇺🇦 Tu-22M3 crashed on the territory of the Krasnogvardeisky district in the Stavropol region.
There are no casualties, the pilots ejected and the plan hit a field.
– Governor Vladimir Vladimirov. pic.twitter.com/mDK3ucrgJP
— Lord Bebo (@MyLordBebo) April 19, 2024
Според првичните информации, причина за несреќата е технички дефект, пренесува РИА Новости.
Тројца од четворицата пилоти се пронајдени, додека по четвртиот се трага.
„Авионот се урна во областа Красногвардејски. Според прелиминарните извештаи, нема штета на земјата, а пилотите се катапултирале“, изјави гувернерот на Ставропол Владимир Владимиров на Телеграм.