Грузиските власти денеска на аеродромот во Тбилиси го приведоа новинарот Доналд Куртер, кој има руско-американско државјанство, пренесува RT.
Куртер, кој е новинар на РТ, беше приведен во транзитната зона на аеродромот, откако грузиските власти рекоа дека нивниот систем не го препознава неговиот пасош.
Граничните службеници во меѓувреме на новинарот и го одзеле рускиот пасош.
Руската телевизија соопшти дека Куртер отпатувал во Грузија за да известува за антивладините протести кои беа организирани поради објавувањето на законот за „странски агенти“.
Според тој закон, сите организации и медиуми во Грузија, кои добиваат пари од странство, би требало да се регистрираат како странски агенти.