Денес претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, придружувана од носителот на ИЕ 2, Амар Мециновиќ, имаше срдечен прием од жителите на Гази Баба.
„Нефер и недемократските правила на игра нема да ја спречат Левица од ширење на идејата, нашата програма и мерки. Црвениот бран сѐ повеќе се шири преку активистите на Левица и секојдневното присуство на терен на нашиот кандидат за Претседател. Искрените и топли реакции на граѓаните нѝ укажуваат дека сме единствени коишто се наоѓаат на правилната страна. Во демократските принципи директно задираат и противкандидатите на проф. Ванковска коишто со нивниот забележлив страв и избегнувањето на дебати, придонесуваат граѓаните да не можат да го одберат најкомпетентниот кандидат за Претседател на Македонија. Жителите на Гази Баба на плоштадот Филип II изразија целосна поддршка и јасно истакнаа дека Левица е единствена надеж за спас на Македонија и македонскиот народ“, велат од партијата.