Најмалку две лица се застрелани во Филаделфија додека луѓето го славеле Фитр Бајрам или Рамазан Бајрам, јавува WHYY News.
BREAKING: 🇺🇸 Mass shooting at Eid event in Philadelphia
There are multiple casualties.
4 shooters were arrested and multiple guns seized. pic.twitter.com/VWqIPVQjo3
— Megatron (@Megatron_ron) April 10, 2024
Полицијата е силно присутна во областа каде што се случи престрелката. Извори на тој медиум објавија дека четири лица во моментов се во притвор, а пукал и полицаец.
Маж кој бегал од местото на настанот бил удрен од автомобил. Сè уште не се знае степенот на неговите повреди.Неколку деца, на возраст меѓу две и 14 години, беа одвоени од нивните семејства. На локацијата е поставен контролен пункт за повторно обединување на членовите на семејството.
Престрелката се случила во областа каде жителите го славеле Рамазан Бајрам, крајот на светиот месец Рамазан. Оставени се масите, столовите и шаторите во паркот каде се одржуваше прославата.