Повеќе луѓе биле застрелани за време на прославата на Бајрам во Западна Филаделфија. Наводно се уапсени неколку лица, а од местото на настанот е одземено и оружје, јавува Фок29.
Mass shooting in Philadelphia at the end of Ramadan celebration (Eid). Several people shot. Several people were arrested . #Ramadan #Philadelphia #Eid2024 #EidAlFitr2024 #Eid pic.twitter.com/n1xXwRhXvo
— Mudawath Santhosh (@SANTHOSH_21M) April 10, 2024
Не е јасно точно колку луѓе биле застрелани или сериозноста на нивните повреди. Силно полициско присуство има во областа на авенијата Вајалузинг.
Американските медиуми јавуваат дека биле застрелани најмалку две лица, додека оваа информација не е официјално потврдена. Медиумите јавуваат и дека пукал и еден од полицајците, но не се знае дали некој е повреден од тој пиштол.