Српското МВР уапси шест членови на организирана криминална група: Фалсификувале документи на ЕУ

Од:

Припадници на српското МВР,во соработка со ОЈО за организиран криминал, уапсија шест членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела здружение за извршување кривични дела и фалсификување на документи.

Уапсени се С.Б.(1970), кој е осомничен дека бил организатор на оваа организирана криминална група, како и членовите на групата А.Ф.(1965), З.М.(1976), И.Б.(1976), В.Ж. (1977) и В.П.(1980).

Се сомничат дека од април 2023 година на територијата на Панчево, Нови Пазар, Крушевац и Краљево изработувале и пуштале во легален промет фалсификувани лични документи на земјите од Европската Унија, како и странски регистарски таблички со пропратна документација.

На овој начин се сомнева дека незаконски присвоиле повеќе од три милиони динари.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Ние сме од полиција, дај ни 1600 евра за ќерката да не оди во затвор – уапсени измамници

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени измамниците со измислените сообраќајни несреќи

Приведени двајца измамници