Три лица, меѓу кои две деца, загинаа денеска кога украинско беспилотно летало удри во автомобил во селото Апанасовка во областа Курск во Русија, изјави регионалниот гувернер Роман Старојт.
„Украински дрон фрли експлозивна направа врз цивилен автомобил во селото Апанасовка, област Кореневски, при што загинаа три лица кои во тој момент се наоѓаа во автомобилот, меѓу кои и две деца“, напиша тој на каналот Телеграм, пренесува РИА.
Украинските вооружени сили редовно ги гранатираат руските погранични територии, изведуваат напади со беспилотни летала и вршат саботажа.