Украинските пратеници во прво читање го одобрија предлог-Законот за регрутирање на осуденици

Од:

Пратениците во украинскиот Парламент во прво читање го одобрија предлог-законот со кој се овозможува воено регрутирање на осуденици.

Затворениците кои се приклучуваат на армијата треба да имаат право на условно ослободување.

Пратеникот Алексиј Хончаренко на „Телеграм“ објави дека нема да можат да служат војска осудените за злосторства против човештвото, сексуално насилство, убиства или злосторства против националната безбедност.

Во прво читање беше усвоен и посебен предлог-закон со кој се предвидуваат големи казни за граѓаните кои не ги почитуваат правилата за мобилизација.

Пратеникот Јарослав Железњак рече дека предлог-законот за осудените лица најверојатно ќе претрпи измени пред конечното читање, со цел да се елиминира ризикот од корупција.

Би можело да ве интересира

Лавров: Нема објективни знаци дека Киев и Западот се подготвени за мировни преговори

Горан Наумовски

Русија не сака мировни сили на НАТО во Украина

ЕУ ќе обезбеди финансиска помош од 35 милијарди евра за Украина

Русите извршија ракетен напад врз Украина, едно лице загина, 45 се повредени

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина