„Украина ги максимизира напорите да ги спречи руските планови против Харков“, рече нејзиниот претседател Володимир Зеленски додека украинската војска ја зајакна заштитата на вториот по големина град во земјата, за кој се верува дека е цел на следната руска офанзива.
Работиме со нашите партнери на зајакнување на воздушната одбрана“, рече Зеленски во синоќешното обраќање. „Фокусот сега е на Харков, на енергетската ситуација и на поддршката на луѓето и компаниите во градот и регионот.
Претходно вчера во Киев, Зеленски се состана со раководството на армијата за да разговара за мерките за заштита на Харков, североисточниот град кој беше под постојан оган од руските воздушни напади во изминатиот период.
„Главна тема беше Харков, одбраната на тој град од руските напади и можноста за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана и електронското оружје во регионот“, напиша украинскиот претседател на апликацијата „Телеграм“. Украинската војска верува дека вториот по големина град во Украина би можел да биде цел на следната голема руска офанзива.