Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е на чекор до победа“ и дека „Хамас е тој што го спречува договорот за заложниците“.
Тој рече дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот дури и по шестмесечна војна во Појасот Газа, додека не бидат ослободени заложниците што ги држи Хамас некаде во енклавата, пренесува Ројтерс.
Тој посочи дека Израел, и покрај зголемениот меѓународен притисок, нема да попушти пред „екстремните“ барања на лидерот на Хамас.
Коментирајќи го масовниот протест против владата и повикот на демонстрантите за владата да постигне договор за заложниците, Нетанјаху рече дека „осудува каква било форма на насилство, газење демонстранти или напад на полицајци“.
Неколку илјади луѓе протестираа вчера во неколку израелски градови барајќи израелската влада да се согласи за договор за ослободување на заложниците од Газа.