Две лица се убиени денеска, а седум се ранети, меѓу кои и еден полицаец, при пукање во мартини бар во градот Дорал, во американската сојузна држава Флорида, соопшти локалната полиција.
До пукањето дошло кога гостин извадил оружје и убил чувар, објави Ројтерс.
Останатите шест лица кои биле застрелани биле случајни минувачи, додека полицаецот бил ранет во ногата.