Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се зголеми на 13, шест лица се водат како исчезнати

Од:

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,2 степени во Тајван денеска се искачи на 13, а шест лица се уште се водат како исчезнати по критичниот 72-часовен период на преживување утрово, додека повеќе од 1.100 лица се повредени, соопштија тајванските власти.

Зголемувањето на бројот на загинати беше објавено откако спасувачите открија уште три тела во изминатите два дена на патека во националниот парк Тароко, објави Кјодо.

Хеликоптерите ги превезуваат луѓето на безбедно додека продолжуваат последователните потреси.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Тајван

Голема потрага во Тајван, шест рудари се спасени, повеќе од 60 се уште се заробени

Седумдесет рудари останаа затрупани во рудниците по земјотресот во Тајван

Горан Наумовски

Најсилниот земјотрес во последните 25 години во Тајван, над 900 повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Деветмина мртви и над 120 заробени во урнатините – последен биланс од земјотресот во Тајван

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кина и Јапонија понудија помош на Тајван, битка за извлекување на заробените