Кина досега го предложи најразумниот мировен план за решавање на украинскиот конфликт, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Најважно за нас е кинескиот документ да се заснова на анализа на причините за тоа што се случува и на потребата да се елиминираат тие основни причини. Тоа е логично структурирано од општото до специфичното“, рече Лавров.
Тој посочи дека кинескиот план кој се состои од 12 точки содржи ставки кои се меѓусебно поврзани.