Двајца вработени во ЈКП „Водовод“ се осомничени дека со службеното возило удриле во Данка Илиќ (2), а потоа го земале детето и го фрлиле на депонија. Тие биле осомничени од почетокот, но се чекале резултатите од ДНК анализата и други материјални докази.
Возилото во кое се наоѓале осомничените било опремено со систем за следење (ГПС), па преку него истражителите утврдиле дека детето го фрлиле во депонија, на неколку километри од местото каде што го удриле девојчето.
– ГПС покажа дека таму се задржале половина минута – вели изворот на српски „Блиц“.
Во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.
– Според планот за работа на компанијата, се знаело кој управувал со автомобилот во критичното време, со проверка на базните станици, се потврдило. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството – вели изворот на „Блиц“.