Самарас: Грција е во „голема депресија“

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас, денеска во Атина му се пожалил на поранешниот американски претседател Бил Клинтон, дека Грција е во „голема депресија“, слична на таа што ја преживејаа САД во 30-те години од минатиот век.

Клинтон ветил дека ќе се обиде да се постигне зголемување на инвестициите во грчката економија.

Грчкиот премиер нагласил дека Владата ќе ги преземе сите потребни радикални мерки и реформи, со цел да и помогне на земјата да излезе од тешката криза, откако веќе пет години е во рецесија.

Клинтон, е дел од бизнис делегација, составена од претставници на грчката заедница во САД.

Според него, Грција е „богата земја со богати луѓе, идеи и наследство”.

 

 

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он