Седумдесет рудари останаа затрупани во рудниците по земјотресот во Тајван

Од:

Седумдесет рудари останаа затрупани во два рудници за јаглен во Тајван по силниот земјотрес.

Во едeн рудник има 64, а во другиот шест, соопштија пожарникарите.

Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 930 се повредени во земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди тајванската област Хуалиен, недалеку од епицентарот на истокот на островот, пренесува Бета.

Земјотресот и последователните потреси предизвикаа и 24 одрони и оштетувања на 35 патишта, мостови и тунели.

Властите изгубија контакт со 50 луѓе кои патуваа со минибус низ Националниот парк Тароко, бидејќи мобилните комуникации беа прекинати.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди североисточниот дел на Тајван

Бројот на загинати во земјотресот во Тајван се зголеми на 13, шест лица се водат како исчезнати

Голема потрага во Тајван, шест рудари се спасени, повеќе од 60 се уште се заробени

Најсилниот земјотрес во последните 25 години во Тајван, над 900 повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Деветмина мртви и над 120 заробени во урнатините – последен биланс од земјотресот во Тајван

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Кина и Јапонија понудија помош на Тајван, битка за извлекување на заробените