Кинеската канцеларија за работи на Тајван издаде соопштение набргу по земјотресот, во кое се вели дека е загрижена за штетите и дека е подготвена да пружи помош. Источниот брег на Кина е на само 180 километри од Тајван.
„Кина е многу загрижена за ситуацијата и изразува искрено сочувство до тајванските сонародници погодени од катастрофата“, рече Жу Фенглијан, портпарол на Канцеларијата за прашања на Тајван на Државниот совет.
Кинеските државни медиуми, исто така, нашироко ја покриваа катастрофата.
Strongest earthquake in 25 years hits #Taiwan
What is known:
▪️ The epicenter of the 7.4 magnitude tremors was in a sparsely populated region in the east of the island.
▪️ Four people were killed, at least 97 injured.
▪️ More than 91,000 households were left without power.… pic.twitter.com/WYF8SIONXN
— NEXTA (@nexta_tv) April 3, 2024
Кина и Тајван имаат напнати односи. Тајван се гледа себеси како суверена земја, но Пекинг го гледа како отцепена провинција која на крајот ќе биде дел од земјата и не ја отфрли употребата на сила за да се постигне тоа.
Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека земјата е подготвена да му ја даде сета потребна помош на Тајван по силниот земјотрес.
Кишида на својот официјален профил на X објави дека е длабоко тажен откако слушнал за земјотресот и го нарече Тајван „сосед преку морето“ на Јапонија.
Тајванскиот претседател Цаи Инг-вен рече дека војската ќе биде распоредена во спасувачките операции и ги повика централните агенции да одржуваат контакт со локалните власти.
Во објава на Фејсбук, таа, исто така, ги повика жителите да ги слушаат известувањата на официјалните лица и да избегнуваат да се возат со лифтови, со оглед на серијата последователни потреси што следеа по разорниот земјотрес.
Евакуацијата на луѓето затрупани по земјотресот се уште трае.