Во истанбулската населба Бајрампаша, голем број луѓе со песна од Србија излегоа на улица да го славеа поразот на Ердоган. Имено, како што пренесуваат медиумите, додека стотици луѓе ја прославувале победата на опозицијата на локалните избори во таа населба, во еден момент на разглас била пуштена песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ. Екрем Имамоглу, актуелниот градоначалник на Истанбул и кандидат на најголемата турска опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП), синоќа прогласи победа на изборите за градоначалник во најголемиот град во Турција.
Bayrampaşa da yaşayan Boşnaklar İBB Başkanlığını Yeniden Kazanan Ekrem İmamoğlu Zaferini Kutluyor.
Boşnak Vatandaşlar Jutro Je çalarak kutluyor.@ekrem_imamoglu pic.twitter.com/JAdlOygBUM
— Bosnaklar1.com (@bosnaklar1com) March 31, 2024
Имамоглу рече дека води на локалните избори во Истанбул со повеќе од милион гласови за поддршка по преброените 96 отсто од гласачките ливчиња, пренесе Ројтерс.Тој претходно изјави дека врз основа на податоците што ги собрале може да каже дека граѓаните навистина покажале наклонетост и доверба кон нив и додаде дека се многу задоволни од моменталната слика.
Bayrampasa settlement in Istanbul..
Celebrating the defeat of the AK party with Morning is pic.twitter.com/Tibep8Aido— nikola 3 (@ronin19217435) April 1, 2024
Претходно, актуелниот градоначалник на Анкара, исто така кандидат за ЦХП, Мансур Јавас прогласи победа на изборите само три часа по затворањето на избирачките места врз основа на првичните резултати, кои покажаа дека тој води пред својот ривал од владејачката АКП со речиси 20 отсто.
İstanbul, Bayrampaşa Yıldırım mahallesinde kutlama devam ediyor… 🇹🇷 pic.twitter.com/mJoTq6pXTR
— Nihat Bayraktar (@BayraktarNihat) March 31, 2024