Пешевски во Охрид на 8. советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи

Од:

Неколкуте темите што ќе се дискутираат во рамки на осмото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи, особено сесијата за берзите на електрична енергија, се важни за Владата бидејќи претстојната либерализација на пазарот ќе придонесе за поквалитетен и поевтин пристап на индустриските потрошувачи но и домаќинствата до електрична енергија.

Тоа го истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на советувањето на Македонскиот комитет за големи електрични системи што се одржува во Охрид.

– Владата има големи инвестициони планови и проекти во оваа област. Сето она што го шправат МЕПСО и ЕЛЕМ спаѓа во дел на она што значи директна поддршка од Владата, но и креирањето соодветна регулатива и создавање услови за приватните инвеститори во делот на обновливите извори на електрична енергија, како и во најавите за некои поголеми инвестиции во областа на енергетиката каде ќе биде отворен и пазарот за приватниот капитал, сето во насока на обезбедување квалитетна електрична енергија за потрошувачите и енергетска независност на Републка Македонија, истакна Пешевски потстувајќи дека една од обврските на власта е да се грижи за иднината на младите генерации и сите граѓани преку побезбедувњње квалитетни извори на енергија.

Тој нагласи дека самата методологија на утврдувањето на цената на електричната енергија во рамки на посточекиот систем е надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, но токму преку формирањето ефикасни пазари за електрична енергија со моделот со берза може да придонесе електричната енергија да се набавува по пониски цени што во идината би значело или помали покачувања на цената на електрилмната енергија, а во услови на глобално намалување на цената на електричмата енергија, како што беше минатата година, може да дојде и до нејзино поевтинување.

– Не би прејудицирал однапред во која насока ќе се движи цената. Доколку се следат европските трендови може да се очекува цената на електричната енергија во иднина генерално да расте. Токму затоа овие чекори што ги презема Владата со во насока да придонесат тој притосок да биде што помал, нагласи Пешевски.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски