Во текот на изминатата ноќ Русија повторно ја нападна енергетската инфраструктура на Украина во јужните и југоисточните региони на земјата, соопштија денеска вооружените сили на Украина.
Според украинските воздухопловни сили, противвоздушната одбрана соборила девет од 12 руски беспилотни летала над регионите Херсон, Одеса, Днепропетровск и Полтава.
Според информациите на украинската армија, во нападите нема жртви или штети, пренесува Униан.