Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Од:

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во недела со почеток во девет часот поради одржување на атлетска трка на 10 км, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот „Св.Пантелејмон“ и обратно, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“

Катерина Ѓуровски

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Горан Наумовски

Посебен режим на сообраќај поради трката „Вози право, вози здраво“

Во Скопје затворени повеќе улици поради улична трка

Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром

Затворени улици и посебен режим на сообраќај во Скопје поради Велигден и одбележувањето на смртта на Делчев

Катерина Ѓуровски