Најмалку 12 Палестинци загинаа денеска во израелски ракетен напад врз куќа во Рафах, пренесува Ројтерс.
Најавениот план за голема израелска копнена офанзива во Рафах ги зголеми тензиите меѓу Вашингтон и Тел Авив, откако американскиот претседател Џозеф Бајден го изрази своето противење на планот.
Израел тврди дека таквата офанзива е неопходна за да се победи Хамас.