Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Од:

Откако руски проектил влетал во воздушниот простор на Полска во неделата, рускиот амбасадор не се појавил во полското Министерство за надворешни работи, кое му испрати покана во врска со инцидентот, изјави портпаролот на полската МСП.

Во неделата рано наутро, Русија го наруши полскиот воздушен простор кога руска крстосувачка ракета лансирана кон цели во западна Украина леташе 39 секунди на полското небо, пренесува Ројтерс.

„Амбасадорот на Руската Федерација не одговори на повикот на Министерството за надворешни работи на Полска да го објасни инцидентот со руската крстосувачка ракета што го наруши полскиот воздушен простор на 24 март“, изјави на прес-конференција портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, Павел Вронски.

Руската државна новинска агенција РИА Новости денеска јави дека рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андрејев, не отишол во полското Министерство за надворешни работи, кое го поканило да разговара за „инцидентот со руската ракета“, бидејќи полската страна не обезбедила докази за какво било нарушување на полскиот воздушен простор.

Според РИА Новости, Андрејев рекол дека Русија се уште чека докази од официјална Варшава во врска со обвинението дека руска крстосувачка ракета полетала во полскиот воздушен простор на 29 декември 2023 година.

Полската војска соопшти дека нејзините воени радарски системи снимиле дека на 24 март, руска ракета прелетала низ полскиот воздушен простор 39 секунди на длабочина од 2 километри во полската територија, пред да се врати на својот пат низ украинскиот воздушен простор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски