Трамп: Само идиот не би реагирал како Израел на напад на Хамас

Од:

Судејќи според она што го кажа за таблоидот Israel Hayom, поранешниот американски претседател Доналд Трамп се чини дека го поддржува одговорот на Израел на масакрот на Хамас на 7 октомври.

„Само лудак или идиот не би реагирал како Израел на 7 октомври“, ја цитира таблоидот изјавата на Трамп во пократка верзија на написот, додека целосното интервју со него ќе биде објавено денеска.

Досега Трамп не го искажа јасно своето мислење за одговорот на Израел на октомврискиот напад од страна на Хамас и најмногу повторуваше дека долго планираниот напад немаше да се случи доколку тој сè уште беше претседател на САД.

Веднаш по нападот, Трамп го нарече израелскиот министер за одбрана Јоав Галант „кретен“ поради предупредувањето на Хезболах. Тогаш Трамп за Хезболах рече дека тие се „многу паметни“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп