Ковачевски: Изборната програма на СДСМ е јасен, конкретен и издржан план за иднината на Македонија

Од:

Имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата изборна програма. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

— Во наредните четири години просечната плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари. Плус, од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата. – рече Ковачевски осврнувајќи се на првите два столба од новата програма на СДСМ за изборите, кои е однесуваат на подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, но и конкретно на пензионерите.

Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. – рече Ковачевски говорејќи за третиот столб, поддршка на младите.

Ковачевски во обраќањето се осврна и на петтиот и шестиот столб, економија и инфраструктура:

-180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Поттик на економскиот раст, предвидуваме 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта. – рече Ковачевски

Зборувајќи за плановите а во земјоделството, Ковачевски истакна дека со новата програма се безбедуваат уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра. Воедно, проекцијата е дека до 2028 година проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!

-Гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина! – рече Ковачевски говорејќи за седмиот столб, образованието.

-Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година. Енергетска независност и самостојност со која ќе ГИ ЗАДОВОЛУВАМЕ 100% ОД СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ.
Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата. – се осврна Ковачевски на столбот посветен на чистата енергија и можностите за обезбедување поевтина струја за граѓаните

Говорејќи за европските фондови кои ќе бидат дополнителен поттик за македонската економија како деветти столб на програмата за избори на СДСМ, Ковачевски посочи дека со отворањето на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност.

-Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за Модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ. – рече Ковачевски

Десеттиот столб е заедничкото чекорење кон Европа за кој претседателот Ковачевски истакна дека СДСМ ќе работи посветено на исполнувањето на двете цели – завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2023 година.

-Заедно тоа ќе го направиме. Нема откажување од иднината – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ станува дел од Извршниот одбор на СДСМ

A1on

Филипче, Битиќи, Спасовски и Царовска избрани за потпретседатели на СДСМ

Мери Јордановска

Андријана Будимир, Софија Пејкова, Нина Фити ќе бидат дел од Централниот одбор на СДСМ

A1on