Пикасо и Кандински се продаваат во Њујорк за десетици милиони долари

Од:

Аукциската куќа „Кристи“ пушта на продажба во Њујорк дела на реномирани сликари од приватна колекција на еден од најпознатите трговци во светот на уметноста. Се продаваат 30 дела на Пабло Пикасо, на Василиј Кандински, Алберто Џакомети, Хуан Миро, Жан-Мишел Баскија, Едвард Хупер и други уметници. На колекционерите ќе им бидат претставени повеќе од 150 дела во вредност од околу 170 милиони долари.

Најголем интерес се очекува да предизвика скулптурата изработена од Пикасо во периодот од 1962 до 1964 година, која тој во 1967 ја донирал на градот Чикаго и таа се уште е поставена на плоштадот пред зградата на градската власт. Тоа монументално дело се смета за еден од врвовите во творештвото на Пикасо како скулптор. Се очекува наддавањето за него да достигне од 25 до 35 милиони долари. Во продажбата е вклучен и автопортрет на Пикасо од 1971 година, за кој се очакува да достигне цена од 6 до 8 милиони долари.

Другиот бисер на аукцијата ќе биде „Есенски пејсаж“ од Кандински, слика создадена во 1911 година, за која организаторите очекуваат да биде истргувана за 20 до 25 милиони долари.

На аукцијата ќе бидат претставени и шест творби на Џакомети, меѓу кои и „Венецијанка“, бронзена скулптура со височина над 1 метар, за која се очекува цена од 9 до 12 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање