Побегнатиот затвореник и неговиот соучесник и помошник, членови на банда Бели расисти, беа уапсени по голема потера во Твин Фолс, во американската сојузна држава Ајдахо.
Затвореникот Скајлар Мид избегал во средата наутро од Медицинскиот центар Боис, откако Николас Амфенора пукал врз затворските чувари кои го враќале Мид од болница во затвор, јавува CBS News.
Началникот на полицијата во Бојс, Рон Винегар, рече дека осомничените биле лоцирани во областа Твин Фолс во четвртокот попладне и биле приведени по кратка потера.
Винегар рече дека најверојатно станува збор за координирана заседа за да се спаси осуденикот Мид од затвор.
Потполковникот на полицијата на државата Ајдахо, Шелдон Кели, изјави дека во последните 24 часа во државата се извршени две убиства и дека се истражува дали тие се поврзани со овие двајца осомничени.