Лидерите на Европската Унија денеска на самитот во Брисел ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
– Барање одржлив прекин на огнот, секако барање слобода на заложниците, но покажување силна загриженост за ситуацијата на луѓето во Газа, што е неприфатливо – изјави Борел во пресрет на самитот.
Борел го повика Израел да обезбеди поголема помош да стигне во Газа и рече дека се надева оти лидерите на ЕУ ќе го сторат истото.
– Умираат од глад. Затоа се надевам дека Советот ќе испрати силна порака до Израел, ќе престане да блокира, ќе престане да спречува храна да доаѓа во Газа и ќе се грижи за цивилите – нагласи тој.
Борел истакна дека Израел секако има право да се брани, но не и да се осветува.