ВИДЕО: Русија ги нападна Киев и Харков

Од:

Русија рано утринава изврши ракетен напад врз украинската престолнина Киев, во кој беа повредени 14 лица, а беа оштетени станбени згради и индустриски објекти, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Тоа беше првиот голем ракетен напад врз Киев во последните недели.

Градоначалникот Кличко на апликацијата Телеграм рече дека единиците за противвоздушна одбрана го одбиле нападот и дека фрагменти од проектили паднале во различни делови на градот.

„Веќе има осум повредени како резултат на нападот на непријателот“, рече Кличко.

Тој додаде дека остатоците од соборениот руски проектил погодиле неколку станбени згради, индустриски објекти и градинка. Службите за итни случаи се на терен во различни делови на главниот град и гаснат неколку пожари, рече Кличко.

Руски проектил погоди индустриска област во северниот украински град Харков доцна синоќа, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени осум, додека предизвика голем пожар во печатница, соопштија локалните власти.

Градоначалникот Игор Терехов изјави дека уште пет лица се водат како исчезнати по нападот.

Во текот на ноќта се обрати претседателот Зеленски. Во видео-обраќањето тој истакна дека нема соодветна противвоздушна одбрана во Харков, вториот по големина град во Украина.

Би можело да ве интересира

Путин го смени Шојгу

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија напредува во регионот на Харков, голема евакуација

(ВИДЕО) Украина се одмаздува за рускиот продор во облсата Харков: го напаѓа Белгород

Катерина Ѓуровски

Русија освои неколку населби во регионот на Харков

Предраг Петровиќ

Русија нападна 30 места во областа Харков, во тек масовна евакуација

Генералштаб на Украина: Русија се обидува да изврши офанзива врз регионот Харков

Предраг Петровиќ