Припадници на полицијата во Подгорица уапсиле седумнаесетгодишник од градот Тузи поради сомнение дека испратил заканувачки мејл на адресата на средното електротехничко училиште „Васо Алигрудиќ“ во Подгорица.
Полицијата соопшти и дека кај малолетникот биле пронајдени 20 парчиња оружје „аирсофт“. Тие се реплики на оригинално оружје, а две парчиња се предмет на кривично дело.
Исто така, му биле одземени компјутерот и мобилниот телефон. Против неговиот татко ќе биде поднесена прекршочна пријава за запуштање на дете, потврди полицијата.
По наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, малолетниот осомничен е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и неред.
Полицијата вели дека осомничениот на 15 март испратил мејл со заканувачки содржини на адресата на споменатото училиште. Тој се заканувал со повеќекратни убиства.