ВИДЕО: Партизаните претворија два руски региона во воени зони

Од:

Висок украински разузнавач денеска изјави дека вооружените групи, наводно составени од Руси кои се спротивставуваат на Кремљ, вршат упади на руска територија, претворајќи два погранични региони во „активни борбени зони“. Три групи со седиште во Украина претходно објавија дека спроведуваат вооружени операции во руските региони Белгород и Курск, барајќи од жителите таму да ги евакуираат градовите и селата за своја безбедност.

„Регионите Курск и Белгород сега се област на активни борбени операции. Ова е она што го потврдуваме. И како што изјавија волонтерите и бунтовниците, тоа се граѓани на Русија кои, немајќи други опции, ги бранат своите граѓански права со оружје против режимот на Путин“, рече Андриј Јусов, портпарол на украинската воена разузнавачка служба ГУР на националната телевизија.

Вјачеслав Гладков, гувернер на руската област Белгород, претходно изјави дека две лица загинале, а најмалку 20 се повредени во нападите на украинските вооружени сили внатре во границата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречило напад на украинската армија.

Гладков доцна синоќа преку Телеграм објави дека отишол во руските погранични окрузи, поточно во градот Козинка, со цел да дознае од прва рака за овие настани. Руски воени блогери претходно објавија дека руски падобранци биле испратени во градот. Гувернерот на регионот Курск, Роман Старовојт, на Телеграм изјави дека „украинските терористи не ги прекинале своите обиди да донесат диверзанти на територијата“.

Една од трите вооружени групи, Легијата на слободата на Русија, објави на Телеграма дека, со оглед на „ограничената воена операција“ што се спроведува во двата региона, бара од жителите на одредени градови да ја напуштат областа.

Вториот сибирски баталјон, пак, соопшти дека „во градот Грајворон, кај Козинка, владее панично расположение и дека автомобилите чекаат на ред за заминување“. Двете групи објавија дека започнале прекуграничен упад претходно оваа недела.

Руските власти во минатото ги гледаа групите како марионети на украинската војска и американската ЦИА, за кои Москва вели дека се обидуваат да поттикнат хаос во Русија. Во минатото, Легијата на слободата на Русија и Рускиот волонтерски корпус ја презедоа одговорноста за прекуграничните напади врз Русија од Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски