Кулеба: Руските избори на окупираните територии на Украина се незаконски

Од:

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба денеска изјави дека одржувањето на руските избори на окупираните територии на Украина се незаконски и ништовни.

Тој истакна дека изборната кампања во Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсон и Крим е уште една демонстрација на руското „континуирано непочитување на меѓународното право“, пренесува Ројтерс.

„Принудата на милиони украински граѓани кои живеат на привремено окупирани територии или кои беа насилно преместени таму да учествуваат на таканаречените избори е подеднакво нелегално“, додаде Кулеба.

Министерството ги повика Украинците да не учествуваат на руските претседателски избори на 15-17. Март, кој, како што пишува Ројтерс, ќе му овозможи на Владимир Путин да го престигне Јосиф Сталин како владетел со најдолг стаж во Русија.

Би можело да ве интересира

Кулеба поднесе оставка

Горан Наумовски

Кулеба: Најголемиот проблем за Киев е стравот на сојузниците од ескалација на конфликтот

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Средба Османи – Кулеба: Европската Унија е наша заедничка иднина

Горан Наумовски

Кулеба: Европа не знае како да води војни