МВР извести дека денеска околу 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на с.Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле возило „фолксваген голф“ управувано од Л.Р. од општина Липково.
Имено, во наведеното време со специјално возило т.н.„пресретнувач“ на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.