Завршува обновата на автопатската делница Катланово-Петровец

Од:

До почетокот на следниот месец се очекува да заврши обновата на автопатската делница Катланово – Петровец, во должина од околу 11 километри, инвестиција од 10,5 милиони евра. Десниот коловоз е завршен и моментно на него е пренасочен сообраќајот, а при крај се работите и на левиот коловоз. Има и проширување на уште една лента на коловозниот правец од Велес кон Скопје.

-Имајќи го во предвид она што го гледаме околу интензитетот на работа нема причина да не веруваме дека нема да биде готова, но останува одговорност на изведувачите на работите и на надзорот тоа да се сработи според договореното, рече техничкиот премиер Талат Џаферо, кој со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми денеска беа на увид на градежните активности.

Увид во Обновата на автопатската делница почна во септември 2020 година, но според надлежните институции се пролонгираше поради тоа што беше раскинат договорот со првичниот изведувач ГП Бетон затоа што за една година завршил само 11 проценти од предвидените работи. изведувач на работите сега е Стентон градба.

– Реконструкцијата на овој дел од Коридорот се пролонгираше, но пак ќе повториме – од ниту еден проблем, од ниту еден предизвик не се повлековме, го решававме и денеска сме пред пуштање во употреба на овој дел од автопатот каде се вградуваат и последните количини на асфалт, изјави Бочварски.

Со овој проект, наведе министерот, се прави комплетна рехабилитација на левиот и десниот коловоз на автопатската делница Катланово – Петровец којшто ќе го завршиме многу скоро и сите коишто во текот на летната сезона ќе поминуваат ќе може да користат обновен и проширен автопат.

Директорот на ЈПДП Рустеми истакна дека десниот коловоз е проширен со уште една лента во внатрешниот зелен појас на автопатот, со што е избегната дополнителна експропријација.

-Јавноста добро знае дека имаше проблеми со слаба реализација со претходниот изведувач и дека од тие причини моравме да го раскинеме договорот и да објавиме нов тендер за избор на изведувач, процес што ја успори реконструкцијата на делницата. На наше задоволство, новите изведувачи работат со забрзано темпо и веќе десниот коловоз е завршен. Во моментов, на него е пренасочен сообраќајот, а се работи забрзано и при крај се работите и на левиот коловоз, рече Рустеми.

На Коридор 10, според министерот Бочварски, завршуват и активностите за рехабилитација на делницата од Демир Капија до Неготино што беше доста оштетен.

На овој коридор, според најавите, првпат во државава ќе биде вграден интелигентен транспортен систем во прва фаза на проектот од ГП Богородица до Велес, а понатаму и од Велес до Табановце. Во втората фаза со интелигентни транспортни системи ќе биде опфатен и Коридорот 8.

Би можело да ве интересира

Повредени се две жени откако „пежо“ излета од автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Политичари прекршувале закони за кинески инвестиции: Мапа со контроверзни проекти на Балканот

A1on

Наместо за 10, автопатот Кичево-Охрид ќе се изгради за 12 години: Собранието го поддржа предлогот за нов рок

Горан Наумовски

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

A1on