ВИДЕО: Партизаните објавија видео: „Зазедовме село во Русија“

Од:

Борците на Руската легија на слободата, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон известија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби во кои се слушаат истрели и експлозии. Илја Пономарев, руски опозиционер и поранешен пратеник во Државната дума, ги потврди извештаите за жестоки борби.

Според партизаните на X, тие зазеле село. Објавија и неколку снимки.

„Селото Теткино во Курската област е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин бега од селото оставајќи тешка опрема зад себе“, беше објавено на каналот на Легијата за слобода на Русија.

На видеото се гледа како неколку војници бегаат.

Слични информации се дадени на каналот на рускиот волонтерски корпус. „Војниците на Путин бегаат, петите им светат. Населбите, опремата и пред се граѓаните на Руската Федерација се оставени, напуштени“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски