Од петок намалување на условите за дожд и повеќе сончеви периоди

Од:

Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд.

Како што најавуваат од УХМР, во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа и особено во јужните и источните делови од земјата ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени.

Времето во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни и со ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени