(ВИДЕО) Партизани на тенкови упаднаа во Русија, се водат жестоки борби. „Ние носиме слобода и правда“

Од:

Борците на Легијата „Слобода на Русија“, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон известија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби во кои се слушаат истрели и експлозии. Илја Пономаренко, руски опозиционер и поранешен пратеник во Државната дума, ги потврди извештаите за жестоки борби.

Руските партизани тврдат дека ја презеле контролата врз пограничниот град Лозова Рудка во Белгородската област, а во моментов се водат борби во Тјоткин во областа Курск. „Еве, конечно сме дома. Како што ветивме, во нашата руска земја носиме слобода и правда“, стои во објавата на Сибирскиот баталјон на каналот Телеграм.

„Претходно рековме дека нема да биде можно со мирни средства да се собори криминалниот диктаторски режим во Руската Федерација. Тој може да се елиминира само со оружје во рака. Почнавме да го исполнуваме нашето ветување. Продолжуваат жестоките борби на територијата на Руската Федерација“, додаваат тие.

Портпаролот на украинското воено разузнавање (ГУР) Андриј Јусов истакна дека спорните единици се составени од руски државјани. „Тие дејствуваат на територијата на Руската Федерација целосно автономно, независно, исполнувајќи ги своите општествено-политички програмски задачи. Впрочем, ова не се први такви акции на овие структури и организации во таа област“, ​​рече тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски