Украински дрон исфрли четири експлозивни направи во руската област Белгород, при што беше исклучена струјата во неколку станбени области, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Украинските вооружени сили ја нападнаа областа Белгород користејќи беспилотно летало кое исфрли четири експлозивни направи. Немаше извештаи за жртви, но оштетени се електричните линии“, рече Гладков, пренесува руската државна новинска агенција Тас.
Breaking🚨 Russia🇷🇺 Ukraine🇺🇦
Ukrainian drones Attacks an oil depot in Oryol, Russia pic.twitter.com/kSAD6dbMs0
— Izlamic Terrorist (@raviagrawal3) March 12, 2024
„Без напојување со електрична енергија останаа седум населени места и тоа Јасније Зори, Черемосноје, Устинка, Лозовоје, Ровенск, Петровка и Соловјовка“, продолжи тој. Тој истакна дека итните служби почнале да работат на отстранување на последиците веднаш штом добиле одобрение од руското Министерство за одбрана.
Украина изврши и напад со беспилотно летало врз објект за гориво и енергија во руската област Орјол, изјави гувернерот на регионот во централна Русија. Тој потврди дека остатоците од дронот паднале на комплексот.
„Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличко на Телеграм. Руската државна новинска агенција РИА Новости ги цитира службите за итни случаи кои велат дека еден тенк бил запален како резултат на нападот.
Со беспилотни летала била нападната и рафинеријата на Лукоил во градот Кстово во Нижни Новгород. Таа е една од петте најголеми рафинерии во Русија. Ги снабдува централните и северозападните делови на Русија со висококвалитетно гориво.