Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека нема смисла НАТО да го негира присуството на свои сили во Украина. „Нема смисла повеќе да се негира“, рече таа за весникот „Известија“.
Според руската државна новинска агенција Тас, полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски претходно на конференцијата по повод 25-годишнината од членството на Полска во НАТО изјави дека армијата на НАТО е веќе во Украина.
францускиот претседател Макрон по конференцијата за Украина одржана во Париз на 26 февруари изјави дека не е исклучено испраќање копнени сили на членки на НАТО во Украина. По конференцијата, повеќето земји-учеснички изјавија дека не планираат да испратат војници во Украина за да се борат против Русија.
Коментирајќи ги изјавите на Макрон, портпаролот на рускиот претседател рече дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Русија би бил „неизбежен“ доколку западните сили бидат испратени во Украина. Тој, исто така, рече дека земјите од НАТО „треба да ги проценат последиците од таквите дејства“, според Тас.