Руски студент ја преименува Wi-Fi мрежата во украински слоган, доби 10 дена затвор

Од:

Руски студент е осуден на 10 дена затвор во Москва, откако ја преименувал својата Wi-Fi мрежа во проукраински слоган, објави Би-Би-Си.

Студент на Московскиот државен универзитет ја нарекол мрежата „Слава на Украина!“, за што минатиот четврток судот во Москва го прогласи за виновен за прикажување „симболи на екстремистички организации“.

Од почетокот на руската војна во Украина, илјадници се осудени на затворски или парични казни за критикување на инвазијата или поддршка на Украина.

Студентот бил уапсен во средата наутро во Москва, откако полицаец го пријавил името на мрежата до властите.
Според судските документи, полицајците ја пребарале неговата соба во студентскиот дом на универзитетот и го пронашле неговиот персонален компјутер и рутерот за Wi-Fi.

Судот рече дека тој ја користел мрежата за „да го промовира слоганот „Слава на Украина!“ на неограничен број корисници во опсегот на Wi-Fi.“ Рутерот го заплени полицијата, објави Би-Би-Си.

„Слава на Украина“ стана собирен повик за поддржувачите на Украина и редовно се слуша како се пее за време на протестите против сеопфатната руска инвазија, започната на 24 февруари 2022 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски