Намалување на бројот на заболени од грип

Од:

Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнале 35 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се седум позитивни случаи на Influenza и тоа шет со Influenza А(H1)pdm09 и двајца со Influenza А(H3). Регистрирани се два пациенти со SARS-CoV-2.

Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.

– Во однос на возрасната дистрибуција, 396 лица се на возраст од 15 до 64 години, 135 се деца на возраст од пет до 14 години, 68 – деца на возраст до четири години и 42 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години, наведуваат од ИЈЗ.

Регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип во текот на оваа недела. Се работи за лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.

– Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети – невролошки и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај едното починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09 и другото лице Influenza B/Victoria, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.382 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 51,0 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 24,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 13 починати лица асоцирани со грипот.

– Се забележува намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамки на ниска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Северна Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, посочуваат од ИЈЗ.

Заклучно со деветтата недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.785 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски